Биспромет Агроцентар увоз-извоз Битола ДОО е трговско друштво во приватна сопственост формирано 1990 год од Браќата Никола и Војо Ѓероски во Битола Р. Македонија.
Визијата за развој ни беше фирмата да се подигне на рангот на еден Регионален Модерен Агроцентар кој ќе ги опслужува фармерите од Битолскиот, Преспанскиот и Прилепскиот регион.
Целта е постигната, формиран е Агроцентар на површина од 13 000 м2 со магацински простор од 1400 м2, опслужуван од 15 вработени .
Во склоп на Биспромет Агроцентар, работат земјоделски аптеки во Битола и една во Кривогаштани-Прилеп, во кои се врши промeт на мало со семенски материјал, средства за заштита на растенијата, вештачки ѓубрива и репроматеријали за земјоделие.
Во земјоделските аптеки и на теренот работат Високо образовани стручни лица Инженери Агрономи.
Во Агроцентарот на големо се продаваат вештачки ѓубрива (комбинирани и азотни), семенски материјали, фолија за земјоделие и други репроматеријали.
За достава до фармерите поседуваме камиони, комби возила и пикапи.
Од 2013 год ја застапуваме фирмата Агросава од Р. Србија, со прочуените АС хибриди за пченка на територијата на Р. Македонија.
Ние сме овластен откупувач на житни култури во супер модерен откупувачки центар со најнова италијанска опрема и силоси со капацитет од 2000t, за складирање на житарици. Откупуваме пченка, пченица, јачмен, и истите ги продаваме на големо.
Биспромет Агроцентар е овластен застапник за Република Македонија за реномираната семенска куќа Лимагрин од Франција, за пченица, јачмен, маслена репица и сончоглед. (Limagrain).
Биспромет Агроцентар е застапник за семенска пченица за Хрватската семенска куќа Агриџенетикс на сортите Викторија, Маја и Матеа.
Ние сме овластени производители и доработувачи на сертифициран семенски материјал од житни култури. Ние сме современ доработувачки центар за сертифициран семенски материјал за житни култури со најнова технологија за чистење, калибрирање, хемиско третирање и паковање на семето од фирмата PETKUS (www.petkus.de )-Германија – PETKUS Technologie GmbH
Ние сме и овластен дистрибутер за земјоделска механизација и трактори од фирмите New Holland, Tera, Kuerneland Kuhn и други.
Нашето мото е: Со квалитет, навремена достава, стручност до повисоки приноси и задоволни Фармери.