АС Хибриди

Генерални застапници за АС Хибриди, семенска пченка.

Листа на регистрирани семиња од пченка

AS Hibrid 41

as41_bispromet

Опис на АС Хибрид 41

Single cross hybrid се одликува со висок потенцијал на плодност, пред се е наменет за директна жетва во зрно. Испуштањето на влага од самото зрно е многу брзо. Се одликува со здрав клас, со должина околу 20 см од 14 до 16 редови длабоки, крупни, црвенкасто-жолти зрна, тип забеста пченка. Исклучително цврсто и ниско стебло, јак корен и ниско поставен клип што му овозможува одгледување во поголеми насади.

Препорака: За максимален принос  на зрна потребно е одгледување во густи насади и интензивна агротехника, пред се ѓубрење. Густината на сеење изнесува од 71.000 до 75.000 билки/хектар (од 19 до 20 см во ред). На плодна земја се сеат густо, а на слабо плодна ретко.

AS Hibrid 54

as54_bispromet

Опис на АС Хибрид 54

Средно ран хибрид со јак корен и брз почеток на раст, еластично стебло толерантен на кршење и …Класовите се изедначени, секогаш исполнети до врвот, должина околу 22см од 16 до 18 редови средна големина на црвенкасто-жолти зрна. Класот на пченката е многу тенок, што дава многу висок род на зрна при жетва. Нема јалови зрна.

Препорака: Стабилни приноси во сите години. Наменет за интензивно производство на суви зрна на квалитетни рамни површини со добри агротехнички мерки. Густина на сеење изнесува од 68.000 до 75.000 билки/хектар (19 до 22см во ред). Во добри производствени услови се сее густо, а во лоши ретко.

AS Hibrid 62

as62_bispromet

Опис на АС хибрид 62

Брз почеток на раст, со добар индекс на жетва, мал жетвен остаток кој лесно може да се изора.  Класот е со просечна должина околу 25 см од 16 до 18 редови понекогаш и 20 крупни, здрави, жолто-портокалови зрна тип на забеста пченка. Еден од најраните хибриди на ФАО 600, брзо испушта влага од зрната во однос на својата група на зрелост.

Препорака:Хибрид за жетва во зрно. Треба да се сее на што поквалитетна земја врз кои со интензивните агротехнички услови остваруваат максимални приноси. Густината на сеење изнесува од 60.000 до 63.000 билки/хектар (23 до 24 см во ред) да се прилагоди според условите на производството. Во добри производствени услови се сее густо, а во лоши ретко.

 

AS Hibrid 63

as63_bispromet

Опис на Ас хибрид 63

Умерено ниска билка со ниско поставено клас, многу цврсто стебло и јак корен. Многу крупен клас, во просек околу 27 см должина со 14 до 16 редови многу крупни, здрави и жолти зрна, тенок клас. Се бере лесно и чисто, лесно се чува. Нема одронување на зрна ако се задоцни со берба.

Препорака: Погоден за сите региони и производители кои пченката ја берат и ја чуваат во силоси. Одлично прилагоден на ниски посеви, многу добро ги поднесува лошите услови на производство. Густина на сеење изнесува од 53.000 до 59.000 билка/хектар (24 до 27 см во ред). На подобро земјиште се сее густо, а на лошо ретко. Може добро да продолжи класот во редок посев.

AS Hibrid 72

as72_bispromet

Опис на АС хибрид 72

Ниско стебло, цврсто со изразит корен. Листовите се темно зелени и необично широки. Класовите се ниско поставени, многу крупни со 20 до 22 редови на зрна, често и повеќе.Адаптиран хибрид, нема јалови билки, докажан повеќе  години и во најтешки услови. Се бере лесно и чисто. Во ретки посеви значително го продолжува класот.Препорака: Со својата адаптибилност погоден е за одгледување во сите региони. Рекордни резултати на добри земјишта со интензивни агротехнички услови. Густина на сеење изнесува од 59.000 до 64.000 билки/хектар (22 до 24 см во ред). На добри земјишта се сее густо, а на лоши ретко. Во сушни региони и на песоклива земја се сее ретко (26 до 27 см во ред) со примена на добри агротехнички мерки.

AS Hibrid 160 Силаж

as160silaz_bispromet

Опис на АС хибрид 160 Силаж

Единствен регистриран хибрид за силаж во Македонија.

Исклучиво висока билка со голем број на листови, често и до 12 листови над класот. Намалена содржина на лигнин во билката значително зголемува заштитата на силажот. Кочанот на класот е збиен и многу споро пропушта влажност од зрната и го продолжува оптималното време за спремање на силажот. Крупен клас со многу крупни зрна, мека ендосперма која лесно се вари од страна на животните.

Препорака: Хибридот е специјално наменет за припрема на силаж на цела билка, наменет да унапреди квалтетот и приносот на силажот. Жетва за што поквалитетна земја со интензивна агротехника и наводнување.   Густина на сеење изнесува од 65.000 до 70.000 билкои/хектар (20 до 22 см во ред) Густината на сеење да се прилагоди според условите на производството. Да се избегнува песокливо земјиште без наводнување. Да се третира како најважна култура на Вашата фарма.

AS-Hibridi-Bispromet-Bitola-2 AS-Hibridi-Bispromet-Bitola-1

 

За повеќе информации и совети ве молиме да не контактирате. Повеќе…

As Hibridi www.ashibridi.com